| |
| Вести |
|
| 21-11-2005 |
Импровизирачкото трио Дориан Јовановиќ, Дејан Спасовиќ и Ристо Солунчев, попознати како Грендени во сабота на 26.11.2005, во кафулето Цариград во Куманово ќе имаат самостоен настап. По онаа забележителна свирка на почетокот на октомври во кафеМедиум во Скопје, Грендени за првпат ќе се претстават пред кумановската публика.
Македонските музички корени, модерната технологија и имагинацијата повторно ќе бидат нивните главни адути.
Очекувајте пријатни изненадувања во блиска иднина од оваа инвентивна тројка.
|
| 23-09-2005 |
Македонското уникатно експериментално импровизирачко трио Грендени во сабота, на 01.10.2005 година, во кафулето Медиум во Скопје, ќе одржи концерт со почеток во 21 и 30 часот. И на овој нивни настап Грендени ќе ги спојат традицијата и модерната електроника со она што најдобро го знаат, импровизацијата.
Настапот на Грендени е само предвесник на она што допрва, ова есен, следи од Профундус - новиот албум на Стринг Форсис и деби изданието на Дина. |
| 24-08-2005 |
Профундус вчера објави оглас за слободно работно место. Заради специфичните обврски на лицето кое ни е потребно, неговата функија ја нарековме хонорарен соработник, така што деталите околу обврските, на апликантите ќе им бидат објаснети лично по завршувањето на огласот. |
| 14-07-2005 |
После успешниот концерт во Куманово, Дина ќе се претстават и пред скопската публика. Заедно со уште неколку македонски групи (Д.Н.О, Playground...) ќе настапат во склоп на настанот Rock and roll caffe кој ќе се случи на 23 Јули во Куршумли Ан со почеток во 21.00 часот. |
| 28-06-2005 |
Ние- Марија и Стефан во октомври ќе настапат на фестивал во Словенија. Во тек се преговорите за дефинирање на условите за настап |
|
|