PFCD 0103 - Блазе тебе Шаин ѕвездо Година:2003
  Рајна Спасовска
Продуцент: Дориан Јовановиќ и Веле Солунчев
Снимено во: студио Profundus.
Снимател: Дориан Јовановиќ, Филип Јаневски.
Мастеринг: студио Profundus.

Траки:
1. Прошетала се Калина
2. Блазе тебе Шаин ѕвездо
3. Море Марко шета
4. Наточил биљбиљ
5. Облагале се пиле и Божана
6. Стојан ми болен легаше
7. Више село роса роси
8. Излегол Сељман прошетал
9. Јана жнее на два бели друма
10. Море пофали се стара баба
11. Запојало пиле низ гората
12. Додолица бога моли

  Овој албум опфаќа само еден мал дел од обемниот репертоар на Рајна Спасовска, која во своето над педесетгодишно пејачко искуство има испеано над 500 традиционални македoнски песни од најразличен карактер (свадбарски, жетварски, епски, ритуални, ора...). На албумот се застапени ороводни, жетварски, љубовни и ритуални песни. Некои од песните со овој албум го доживуваат првиот тонски запис, што самото по себе придонесува за важноста на овој редок материјал. Покрај Рајна Спасовска, во снимањето на песните на овој албум учествуваа и членовите на Оркестарот Пеце Атанасовски, кои што со својот младешки сензибилитет го доведуваат овој материјал до едно посовремено ниво и и овозможуваат на македонската традиционална музика да го пронајде и задржи своето место и во современите музички текови.