PFCD 0104 - Калдрма - чалгиска музика Година:2004
  Калдрма
Продуцент: Дориан Јовановиќ
Снимено во Дом на АРМ на 10 јануари 2004.
Снимател: Дориан Јовановиќ
Асистенти-сниматели: Ивица Јанкуловски, Филип Јаневски
Дизајн на корицата: Дејан Спасовиќ
Фотографии: Верица Андреевска

Траки:
1. Ој Зарино
2. Антице, џанам, душице
3. Старо чалгиско оро
4. Ѓорушице
5. Севдалино
6. Старо кавалско оро
7. Милице
8. Три години
9. Адана
10. Ој ти моме
11. Невестинско

  "Ова е уште еден проект што силно ја крепи традицијата и македонската музичка мисла во времево на засилена атака врз вистинските вредности и националната самобитност"
Љупчо Јолевски
(извадок од текст објавен во "Ритам" бр.22)

"Кога ќе се каже чалгиска музика, обично се мисли на онаа постарата. Имено, постојат два вида староградска музика- едната влече корени од византиската дворска музика, која преку турската класична синтетизира во себе елементи на Ориентот и Медитеранот, но и од матичните музички елементи на македонскиот народ. Другата староградска музика е од понов датум, од 20- тите години на минатиот век, нешто во стилот на она што своевремено го негувале распеани ресенчани и други слични градски музичари. Конкретно, под чалгиска музика се подразбира она што се свирело со чалгиска формација, односно состав во кој влегувале конкретни инструменти како ут, канон, кларинет, дајре и тарамбука. Од чалгиските инструменти, во Калдрма ги употребуваме утот, тарабуката и дајрето, а виолата е заменета со виолина. И другите инструменти во нашиот состав се исто така изворни иако со нив на времето не се свиреле тие мелодии, но поради блискоста на звукот сметавме дека може да се користат. Значи ние не инсистираме Калдрма да е чалгиски состав од типот на оригиналните чалгиски состави што постоеле во 19 и во почетокот на 20 век во Македонија, туку со нашата работа сакаме да потсетиме на потребата да се зачува чалгиската музика, како нешто што е вредно и кое современиот човек во Македонија не треба да го заборави како свој корен и традиција..."
(извадок од интервју на Ристо Солунчев - еден од членовите на Калдрма)