Профундус каталог на изданија  
 
 
 
 
Вести  
03-03-2006 Чест ни е да објавиме дека Стринг форсис и Калдрма ќе настапат на ЕТНО Фестивалот кој за првпат оваа година ќе се одржи во главниот град на Хрватска, Загреб. На 8. ќе се случи таканаречената македонска вечер која ќе ја претстават нашите изворни чалгаџии Калрдма, а од друга страна модерните чалгаџии Стринг форсис. Комплетната програма на фестивалот можете да ја видете ако кликнете овде. Инаку оваа единствена можност за посета на македонските бендови на Хрватска е потпомогнато од агенцијата Травел клуб и Алкалоид Хрватска. Им благодариме!
08-02-2006 После забележителниот настап во изминатата сабота во клубот Лудница, Грендени претстојниов викенд повторно ќе може да ги гледате. Овојпат местото на злосторството ќе биде кафулето Медиум сместено во Мултимедијалниот Центар Мала Станица, а времето е сабота, 11.02, со почеток во 21:30 часот. Приказната со видео проекциите на платно, импровизацијата, spoken word-овите ќе биде преставена во различна димензија. Секој настап на овој проект е нова приказна. Ништо не се повторува. Бидете таму!
07-02-2006 Во саботата 04.02.2006 во Life radiо - акустичниот настап на Дина предизвика големо внимание кај присутните кои со многу позитивни критики ги прифатија новитe аранжмани на песните. Материјалот од новиот албум Враќање кон светлината беше во целост исполнет со гитара,виолончело и гласот на Далиборка.
01-02-2006 Во сабота 04.02.2006 со почеток во 21.30 часот во Life radiо - акустичен настап на музичкиот состав Дина. Материјалот од новиот албум Враќање кон светлината, ќе имате можност да го слушнете во нов аранжман во целост изведен со гитара,виолончело и вокал. Влезот во Life radiо е 100 денари. Ве очекуваме!
17-01-2006 Групата Дина која неодамна го издаде својот прв албум Враќање кон светлината, утре на 18.01.2006 год. 21 часот, во Велес во клубот Баба ќе одржи коктел промоција, на која велешката публика ќе може заедно со членовите од групата да го преслушаат и да се запознаат со музиката на ова ново македонско издание. Освен тоа Дина е поканета да земе учевство како гостин во неколку радиски емисии преку кои ќе се олесни пристапот на велешката публика до звукот на Дина. Во блиска иднина ќе ве информираме и за датумот на нивниот жив настап во клубот Баба.